Легендарниот италијански мото возач, Валентино Роси (40) вели дека неговото учество во 400 мото трки во светскиот шампионат е големо достигнување. Тој деветпати го освои светскиот шампионат, цели 24 сезони е на големата сцена, каде ќе остане најмалку до 2020 година.
„Никогаш немав јасна идеја колку долго ќе сакам да се тркам. Тоа е нешто што не можете да го очекувате. Помина долго, долго време“ – изјави Роси.
Италијанецот не ја заврши минатонеделната трка во Јапонија, а моментно е седми во генералниот пласман на три трки пред крајот.
„Кога имаш добри резултати, се е полесно, затоа што повеќе уживаш. Но, ако си во тешка ситуација, тука е мотивацијата, да се обидеш да се вратиш“ – наведе Роси.
Тој славеше победа на 115 трки во сите класи, а бодови освои на вкупно 353 трки во кариерата.
Роси е единствениот возач во историјата кој освои титули во класата 125, 250 и 500 кубици, како и во Мото ГП. Во кралската класа освои 6 титули.
Италијанецот во 2017 година доживеа двојна скршеница на ногата, но се врати на трките по само 21 ден.