Top Sport

Сусо се сели на Островот, кај „волците“ или кај „чеканите“

Хесус Жоакин Фернандес Сајнц де ла Торе попознат како Сусо (26) со голема веројатност во зимскиот преоден рок ќе го напушти италијански Милан и ќе се пресели во англиската Премиерлига.

Шпанскиот фудбалер сезонава е потпросечен во тимот на „росонерите“, па и до не го стигнуваат критиките од медиумите и од навивачите.

Италијанските медиуми наведуваат дека за неговите услуги се заинтересирани премиерлигашите Вулверхемптон и Вест Хем. И двата клуба се решени да ја платат откупната клаузула за фудбалерот која изнесува високи 39 милиони евра.

Информациите се дека веќе имало контакти со неговиот агент, па сега се чека одлуката на фудбалерот.

Шпанецот кој има договор од уште 3 години со Милан, летово беше поврзуван со трансфер во Атлетико Мадрид. Сусо на „Сан Сиро“ е од 2015 година, досега има 95 настапи за клубот, а има постигнато 18 гола.

Scroll to Top