Top Sport

Роси: Маркез не треба да оди во друг тим, веќе е легенда

Новокрунисаниот шампион од Мото ГП, Марк Маркез не мора да го смени тимот за да ја покаже својата големина, вели неговиот лут ривал со кого имаше многу дуели во текот на годините, Валентино Роси.

„Докторот“ Роси во 2004 година го шокираше светот на Мото ГП кога замина од тогаш доминантната Хонда по три освоени титули, за да додаде уште четири за директните ривали Јамаха. Тој тогаш велеше дека се чувствува потценет од Хонда, кои веруваа дека мотоциклот е најзаслужен за титулата.

Сега, пред Австралиското ГП, Роси вели дека Маркез не мора да го направи тоа.

„Тоа е лична работа. Не мора да го смени мотоциклот. Треба да си размисли и ако се чувствува добро со Хонда, тогаш цела кариера може да ја помине таму. Затоа, велам дека е лична работа, да се видат неговите мотиви за тркање“, вели Роси.

Маркез потпиша нов двегодишен договор со Хонда оваа сезона и ќе остане со јапонскиот гигант барем до крајот на 2020 година. Шпанецот оваа недела одговори на мислењето на претседателот на ХРЦ, Јошихиге Номура за да ја помине цела кариера со Хонда.

„Ќе зборуваме за тоа. Се чувствувам добро со ХРЦ и откако дојдов тука ги имам најдобрите моменти. Кога нешто е добро, зошто би менувал“, изјави Маркез.

Фото: ЕПА

Scroll to Top