Top Sport

Марчело Липи шокиран од „не-играта“ на Жозе Мурињо

Легендарниот италијански тренер Марчело Липи вели дека е „шокиран“ од начинот на кој Манчестер јунајтед играл против Јувентус во Лигата на шампионите, велејќи дека Жозе Мурињо игра „анти-фудбал“.

Јунајтед воопшто не беа во игра против Јувентус, кои стигнаа до 0:1 победа и Мурињо призна дека се работи за „друго ниво“. Липи ја забележа доминацијата на тимот на Масимилијано Алегри, но е изненаден што Мурињо се откажал без борба.

„Видов спектакуларен Јуве на ’Олд Трафорд’ и тоа навистина ми се допаѓаше. Доминираа на еден од најтешките и најславните стадиони на светот, и покажаа карактер. Од друга страна, бев изненаден од не-играта на Манчестер јунајтед. Јунајтед не можат да издржат и да гледаат еден тим како играат цел час, дури иако тоа е супер-Јуве. Жозе Мурињо? Се согласувам со неговиот коментар дека Бонучи и Кјелини можат да предаваат одбрана на Харвард, но не ја сфаќам неговата тактика“, вели Липи во интервју за „Кориере дело спорт“.

Scroll to Top