„Докторот“ Валентино Роси признава дека не е доволно конкурентен да се бори за Мото ГП титулата оваа сезона откако падна на 26 поени зад лидерот Андреа Довициозо при падот на ГП на Емилија-Ромања во неделата.
По седум трки во 2020, во отсуство на повредениот светски шампион Марк Маркез, топ 10 во Мото ГП се разделени со само 27 поени, а во топ 4 разликата е само четири поени. По падот во вториот круг во Мизано, „Докторот“ е деветти во генерален пласман и знае дека секој поен може да биде одлучувачки.
„Зборуваме подолго време за шампионатот бидејќи разликата не е толку голема. Сепак, ситуацијата не се менува многу, има многу возачи со мала разлика во поени, а шампионатот е долг. Но, за да бидам ривал за титулата треба да бидам посилен, побрз и поконкурентен. Не бевме доволно брзи за титулата“, вели возачот на Јамаха.