Top Sport

Роси секогаш верувал во својот пулен: Ова не е некој обичен Пеко

Мото ГП легендата Валентино Роси вели дека неговиот пулен инасленик, Франческо „Пеко“ Бањаја веќе не е „некој обичен Пеко“ пред потенцијалното крунисување како светски шампион на последната трка од сезоната во Валенсија денеска.

Бањаја може да стане првиот возач на Дукати со светска титула по 15 години и прв Италијанец со круната од последната титула на Роси во 2009 година, ако заврши барем на 14. место, без разлика каде ќе биде неговиот единствен ривал, актуелниот шампион, Фабио Квартараро во Јамаха. Роси, кој прославува една година од своето пензионирање, признава дека чувствува нервоза кај Бањаја.

„На хартија е многу едноставно за Пеко, бидејќи има една шанса да загуби, тоа е да не освои ниту еден поен, а Квартараро да победи. Но, ова е последна трка и ниту со 23 поени предност не си сигурен бидејќи мораш да завршиш. Секако дека зборував со него и иако ми кажа дека работите се добри, тој не може да спие. Но, не мора да е врвен, може да си заврши како осми“, вели Роси.

Ако ја освои титулата, Бањаја ќе биде првиот возач кој станал шампион и покрај тоа што имал пет излетувања во една сезона. По Германското ГП во јуни, Италијанецот заостануваше 91 поени зад Квартараро.

„Мора да се признае дека Пеко не се предава. Начинот на кој возеше оваа сезона и покрај огромната разлика го покажа тоа. Секогаш се сеќавате само на тој што победил“, објаснува „Докторот“.

Scroll to Top