Top Sport

Нејмар: Поради тајмингот на ова СП сите ќе се најдобро подготвени

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен и на бразилската репрезентација, Нејмар смета дека и покрај сите критики за одржување на Светско првенство во невобичаениот зимски термин во Катар, токму поради тоа сите фудбалски ѕвезди ќе бидат во најдобра физичка подготвеност и така ќе се крене квалитетот на шампионатот.

Тој ги посочува Бразил покрај Франција, Аргентина, Англија, Германија и Белгија како фаворити за титулата од Мундијалот.

„Никогаш не е лесно да се загуби во фудбалот, но на Светско првенство е многу полошо. Затоа мораме да бидеме 100 отсто ментално и физички подготвени. Оваа годинаподготовките се подобри од претходно, бидејќи првенството доаѓа сред сезона. Кога се работи за летните турнири, некои можат да бидат изморени од долгата сезона, но овојпат нивото ќе биде многу високо“, вели Нејмар во интервју за магазинот „Ескваер“.

Scroll to Top