Top Sport

Роси: Уште 10 дена Мото ГП возач, па потоа тркач на четири тркала

Мото ГП легендата Валентино Роси се подготвува да стави крај на својата кариера во шампионатот кој го направи суперѕвезда, но тоа не значи дека тркањето ќе го остави зад себе, бидејќи „Докторот“  се подготвува за иднина на четири тркала.

Првиот чекор го направи уште вчера, кога заедно со Лука Марини и Алесио Салучи тестираа Ферари 483 ГТ3 супер-автомобил на патеката Мизано.

„Сега ни остануваат две трки во низа, Портимао и Валенсија, што значи десет дена. Што се десет дена во споредба со 26 години? Секако, моментот е емоционален и сакам да останам концентриран. Потоа ќе размислуваме што ќе се случи по Валенсија. Вчера го тестирав Ферарито во Мизано бидејќи со тој автомобич ќе се тркаме на 24 Часа Абу Даби во јануари со Лука и Учио Салучи. Тоа е трка која е планирана три години и во основа ќе одиме да се забавуваме“, вели Роси.

Scroll to Top