Top Sport

Роси загрижен од брзината на Хонда

Валентино Роси ја опиша формата на ривалите од Хонда како „загрижувачка“ откако Марк Маркез им ја донесе втората победа во низа на Американското ГП во Остин.

Маркез лесно стигна до шеста победа едноподруго во Тексас, додека Роси на својата Јамаха успеа да стигне само до четвртото место, а триумфот доаѓа по Аргентинското ГП каде што победи возачот на ЛЦР Хонда, Кал Крачлоу и по Катар ГП, каде што Маркез за малку беше победен од Андреа Довициозо во Дукати.

Роси вели дека ситуацијата не е најдобра, но вели дека е охрабрен од второто место на колегата Маверик Вињалес зад Маркез во САД.

„Загрижувачки е бидејќи тие се многу силни, и посебно бидејќи тоа е мотоцикл кој секогаш е конкурентен, за разлика од нас. Но, тука ставивме два мотоцикли во топ 4 на патека која знаевме дека нема да ни одговара. Сега ќе биде најважно да се види формата во Херез, бидејќи лани немавме добар период во Европа“, вели Роси.

Фото: ЕПА

Маркез супериорен во Остин

 

Scroll to Top