Top Sport

Розберг е „многу среќен“ што Хамилтон направил „глупава“ грешка во Монца

Нико Розберг е задоволен што неговиот поранешен колега Луис Хамилтон направил „глупава“ грешка на Италијанското ГП, откако пред викендот вети дека нема многу да ги коментира неговиот поранешни ривали.

Хамилтон се обидуваше да го стигне лидерот Шарл Леклер во Монца, но на шиканата „Роџа“ влезе прешироко и мораше да поминува низ бариерите и му го препушти второто место на колегата Валтери Ботас. Розберг се потсети дека и тој направил иста грешка пред неколку години.

„Бев многу среќен да видам дека Луис направи слична, не многу умна грешка како јас пред пет години. Мислев дека јас сум единствениот глупав човек што ќе оди рамно на шиканата и ќе препушти место, но сега Луис го направи истото. Малку се чувствував подобро поради тоа“, вели Розберг.

Scroll to Top