Top Sport

Тајсон Фјури ќе размисли за кариера како порно-ѕвезда по пензионирањето од боксот

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури вели дека би размислил да стане порно-ѕвезда по крајот на својата кариера како боксер. Во интервју со легендарниот Мајк Тајсон (по кого е крстен), „Челичниот“ го праша Фјури дали размислува за филмска кариера.

„Искрено не сакам да бидам актер. Но, никогаш не знаеш што ти носи иднината. Сега, ако се работеше за порнографски филм, тогаш работата е многу поинаква“, вели Фјури.

Пред да размислува на промена на кариерата, Фјури прво треба во сабота да влезе во рингот во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас против релативно анонимниот шведски боксер Ото Валин.

Scroll to Top