На четири трки пред крајот на Формула 1 сезоната, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон има предност од 59 поени пред Себастијан Фетел во Ферари и таа предност тешко ќе биде надмината, смета актуелниот шампион Нико Розберг.
Германецот Розберг лани се повлече од спортот една недела откако го совлада Хамилтон за светската титула, во сезона полна со „искри“ меѓу познаниците од детството, но сега верува дека има само еден фаворит.
„Ферари се враќаат силно секогаш, но сега е многу тешко за Себастијан. Луис има толку голема предност и сè оди во негова корист. На Себастијан му е потребно чудо да стигне до титулата, но тој е фајтер и нема да се предаде. Ќе биде интересно да се следи борбата, иако исходот е веќе очигледен“, вели Розберг.