Поранешниот светски шампион, Нико Розберг признава дека размислувал за кам-бек во Ф1, но дека тоа траело само „пет секунди“ кога го возеше неговиот В07 болид во Монако.

Нико, заедно со својот татко Кеке Розберг, двајцата поранешни шампиони, имаа посебна демонстрација во Монако со двајцата возачи во своите шампионски болиди.

„Дали ме натера да размислувам на кам-бек? Да, но тоа траеше само пет секунди. Кога влегов во кокпитот како да дојдов дома. Но, веднаш ми помина“, вели Розберг.

Нико открива дека било многу тешко да се убеди неговиот татко Кеке да го вози шампионскиот Вилијамс ФВ08 болид од 1982 година.

„Тој секогаш ги избегнува медиумите и тука тоа беше тешко. Морав да го убедувам со стратегија, но мислам дека сега е среќен и дека уживаше во моментот“, додава Нико.