Top Sport

По година и пол, фатен напаѓачот на Квитова!

Петра Квитова ќе го започне Ролан Гарос со добри вести – човекот кој ја нападна со нож во нејзиниот дом, конечно, е фатен.

Двократната шампионка од Вимблдон доби сериозни повреди на левата рака откако беше нападната и ограбена во нејзиниот дом во Простејов, во Чешка во декември 2016 година. По повредата продолжувањето на нејзината кариера беше под закана, но таа лани се врати на тенисот токму на Ролан Гарос.

„Секако веста е многу добра за мене. Одлично е што го фатија. Но, ќе бидам најсреќна кога оваа приказна ќе заврши“, вели 28-годишната Чехинка.

Таа неодамна откри дека уште има ментални последици од нападот.

„На почетокот беше многу тешко, и честопати гледав околу мене да не има некој. Тоа беше чудно чувство. Имам и сега по некој флешбек, но работите поминаа. Имам големи лузни, но лекарите ми велат дека ќе поминат. Ќе видиме“, изјави Квитова.

Фото: ЕПА

Scroll to Top