Top Sport

Розберг признава: Можеби го немав талентот на Хамилтон

Поранешниот светски шампион Нико Розберг признава дека можеби го немал талентот на својот поранешен колега од Мерцедес, Луис Хамилтон, за кого мисли дека може да стигне и до девет светски титули.

Розберг и Хамилтон, инаку познаници и пријатели од детството, имаа луто ривалство во Мерцедес од 2013 до 2016, период во кој Хамилтон двапати стана шампион (2014 и 2015), додека Розберг триумфираше во 2016, за веднаш да се пензионира од спортот.

Розберг останува единствениот човек кој го победил Хамилтон по стартот на турбо-хибридната ера во 2014 и смета дека неговиот поранешен колега може да освои и девет тиутли во кариерата.

„Не се важни само амбициите, морате да најдете баланс. Некои тркачи можеби го немаат талентот на Луис Хамилтон, каде што се вклучувам и јас, и затоа не е реално да сонувам за девет светски титули, како што можеби тој ќе оствари. Тоа не беше мојата амбиција, туку да го извлечам максимумот од самиот себеси“, вели Розберг во интервју за австрискиот весник „Дер штандард“.

Scroll to Top