Top Sport

Реал Мадрид ќе му дадат втора шанса на Јовиќ

Реал Мадрид нема да го продадат Лука Јовиќ на Арсенал, и ќе му дадат втора шанса на српскиот напаѓач, бидејќи на него сметаат како на „проект“, односно фудбалер кој најдобрите години ги има пред него, тврди шпанскиот весник „АС“.

22-годишниот Србин, кој пристигна на „Бернабеу“ од Ајнтрахт Франкфурт неодамна беше на насловните страници во Шпанија и во Србија, откако реши да се врати во својата татковина, но не ги почитуваше правилата за изолација, добивајќи кривична пријава. По ова се појавија шпекулациите дека Арсенал се подготвени да го добијат на позајмица или да го откупат, но од Реал Мадрид не даваа коменетари.

„Лука е во совршена возраст да расне како фудбалер и како личност, има договор до 2025 година, така што сметаме на него. Тој не направи ништо за што Реал не беа информирани. Првата година никогаш не е лесна за адаптација, но никој не се сомнева во него“, вели изворот од Реал за „АС“.

Јовиќ пристигна во Мадрид за 60 милиони евра, но постигна само два гола и одигра само 766 минути – само еден цел меч против Гранада во септември. Во 2018/19 со Франкфурт тој имаше 27 гола во 48 меча.

Scroll to Top