Поранешниот Ф1 шампион Нико Розберг се обиде да ја „спушти топката“ и да вети дека ќе внимава на своите зборови откако неговиот поранешен колега од Мерцедес, Луис Хамилтон го нарече „нерелевантен“, додека Макс Ферстапен изјави дека тој станува „нов Жак Вилнев“.
Германецот, кој сега работи како ТВ-коментатор, вообичаено ја коментира ситуацијата на својот Јутјуб канал и постојано ги критикува Ферстапен и Хамилтон. Ферстапен му порача дека требал да остане во Ф1 ако му требаат пари, додека Хамилтон изјави дека неговите мислења не значат премногу.
Сега, пред Италијанското ГП, Розберг вели дека ги сфаќа коментарите.
„Кога бев активен возач една од работите кои најмногу ги мразев беше поранешните возачи или новинарите да ме коментираат мене. Во мојот случај тоа беше Дејвид Култард и тоа ме полудуваше. Сега, дел од новинарите ги пренесуваат моите мислења и коментари до Луис и Макс, и секако дека не им е добро. Морам да направам мала промена, бидејќи не сакам да ги вознемирувам моите поранешни колеги кои многу ги почитувам“, вели Розберг.