Top Sport

Карека: Интер не згрешија, Лукаку е подобар од Икарди

Легендата на Наполи, Антонио Карека вели дека Интер направиле добра зделка ова лето и дека Ромелу Лукаку е подобар напаѓач од Мауро Икарди, бидејќи Аргентинецот  „не прави ништо за да добие меч“.

Лукаку беше донесен од Манчестер јунајтед за висока сума од 65 милиони евра плус бонуси, додека Икарди беше продаден на ПСЖ за 75 милиони евра, откако Наполи се обидуваа да го донесат, но Аргентинецот одби да оди во Неапол.

„Икарди можеше да игра за Наполи и никој немаше да го блокира. Штета. Аргентинецот е добар напаѓач, но не и феноменален. Мислам дека Лукаку е подобар играч, бидејќи Икарди не прави многу за да се добие мечот“, вели Карека.

Scroll to Top