Top Sport

Розберг:  За Алонсо веќе нема надеж во Ф1

Светскиот шампион од 2016 година, Нико Розберг вели дека Фернандо Алонсо веќе „нема надеж“ во Формула 1 по многубројните порази во борбата за титулата и без шанса да добие место во некој од „врвните“ тимови и покрај тоа што Мекларен имаат големи очекувања со моторите на Рено во 2018.

Алонсо помина три години во Мекларен додека беа партнери со Хонда од 2015 во 2017, во поголемиот дел борејќи се на дното и во средината на Ф1, и Розберг вели дека веќе нема надеж дека шпанскиот талент ќе стигне до трета светска титула. Според Германецот, Алонсо оди на трки како Инди 500 и Ле Ман за да ја задоволжи „желбата за победи“, бидејќи последниот триумф во Ф1 му беше на Шпанското ГП во 2013 година.

„Да, Фернандо може до подиум на некоја трка, но оди на Инди 500 и Ле Ман бидејќи веќе ја загуби надежта во Формула 1. Мора да бара нови опции за да победува. Формула 1 титула веќе не е во предвид, така што сега предизвикот е да биде најдобар ол-раундер во светот.  Како Ф1 фан би било прекрасно да се види Мекларен-Хонда како победува повторно, но тоа беше една од најголемите катастрофи во Формула 1. Зошто се распадна? Мислам дека Хонда не го сфатија предизвикот сериозно. Но, дали тоа значи дека Фернандо ќе победи во 2018? Не. Дали ќе биде на подиумот? Можеби еднаш“, вели Розберг.

Scroll to Top