Top Sport

Розберг: За среќа веќе не сум во Формула 1

Светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг вели дека е пресреќен што веќе не е во Ф1 кокпитот и дека не планира да направи некаков кам-бек.

Германецот ги изненади сите кога реши да се пензионира пет дена откако ја освои светската титула со Мерцедес победувајќи го колегата Луис Хамилтон и сега во интервју за германската ТВ, вели дека не сака да вози брзи болиди.

„Да, има моменти кога гледам Формула 1 и си помислувам: ’Добро е што не сум во тој болид’. Во Баку на пример, кога се тркаат на улиците на градот при 360 км/ч, а милиметри те делат од ѕидот. За разлика од другите возачи јас не ја предизвикувам судбината. Постоеја моменти кога се плашев во болидот“, признава Розберг.

Тој вели дека на почетокот му било тешко без Ф1, но со помош на семејството го надминал тоа.

„Кога решив да се повлечам не знаев како ќе се чувствувам за два-три месеци или за година. Тоа беше целосно сопирање, нешто што ми беше основно во животот веќе го немаше. Но, сега воопшто не ми недостасува и тоа беше најдобрата одлука што сум ја донел“, додава Розберг.

Scroll to Top