Top Sport

Некој нов Милан! Пакуета и Пјонтек донесоа победа над Каљари (видео)

Двете засилувања кои во текот на зимскиот преоден рок дојдоа на „Сан Сиро“, Лукас Пакуета и Кшиштоф Пјонтек му донесоа на Милан убедлива 3:0 победа над Каљари за враќање на четвртото место на табелата, последно кое носи во Лигата на шампионите.

Ова беше совршен одговор на тимот на Џенаро Гатузо на шпекулациите во Италија дека тој ќе ја заддржи позицијата само ако на крајот на сезоната „росонерите“ играат во Лигата на шампионите.

Резултатот беше отворен во 13. минута кога дефанзивецот на Каљари, Лука Чепители со постигна ефектен автогол со глава, а само девет минути подоцна првиот гол во дресот на Милан го постигна бразилската сензација Пакуета. Конечните 3:0 беа дело на полскиот голгетер Кшиштоф Пјатек во 62. минута.

Фото: ЕПА

Scroll to Top