Top Sport

Почетино: Хери Кејн ќе ги сруши сите англиски рекорди (видео)

Хери Кејн е на добар пат да ги сруши сите рекорди во англискиот фудбал откако во саботата повторно имаше свој ден, верува неговиот тренер, Маурисио Почетино.

Аргентинскиот стратег на Тотенхем беше пресреќен откако Кејн го сруши рекордот на клубот во Премиер лигата со 98 гола при 4:0 победата над Евертон на „Вембли“, поминувајќи го така Теди Шерингам.

„Неговиот талент е бесконечен, неговиот однос е професионален и нормално дека сум среќен. Ги заслужува сите пофалби кои ги добива. Ако продолжи вака, сите рекорди во Премиер лигата и во Англија ќе се негови. Добро е што рекордот на Џими Гривс е толку голем, што нема да руши рекорд секоја недела“, вели Почетино.

Кејн, иако е блиску до 100 лигашки гола за тимот, е многу многу далеку од рекордот на Гривс од 220 гола. 24-годишниот Англичанец сакаше да остане поскромен.

„Горд сум на тоа, но сега доаѓа нов предизвик, нов натпревар и мора да продолжам. Момците во мојот тим се фантастични и ми помагаат на секој чекор“, вели Кејн, кој оваа година има 20 гола во Премиер лигата, три повеќе од Мохамед Салах во Ливерпул, а вкупно има 28 гола во сите натпреварувања.

Scroll to Top