Top Sport

Саинс: Ферстапен е „речиси“ подобар од Хамилтон

Шпанскиот возач на Мекларен, Карлос Саинс Јуниор даде искрена проценка на квалитетите на своите ривали во Формула 1, оценувајќи дека ѕвездата на Ред бул, Макс Ферстапен е речиси на исто ниво со петкратниот светски шампион, Луис Хамилтон.

„На Хамилтон би му дал 9 или 10. Откако замина Нико Розберг тој вози на високо ниво со помалку притисок. Ферстапен е речиси подобар од него, но во Спа направи грешка во дуелот со Кими Раиконен. Ботас секогаш е тука, но не ја завршува работата. Вози на високо ниво, но Хамилтон има нешто што е тешко да се објасни. Тој е толку опуштен, како да вози со пура во устата“, вели Саинс Јуниор.

Околу возачите на Ферари, Саинс има уште една искрена проценка.

„Да бев Фетел ќе бев загрижен за неделите. Во сабота, млад возач како Леклар може да го победи, но кога тој ќе биде брз во неделните трки, тоа ви создава главоболки“, додава Саинс.

На крајот, возачот на Мекларен призна дека е лут на организаторите бидејќи при ТВ-преносите ретко го има.

„Кога ги гледам трките дома воопшто не се гледам. Најважните моменти ги промашуваат, како во Австрија, кога од 20. место на стартот стигнав до осмото место, а тие не покажаа ништо. Но, во Мекларен ми е добро, не ми недостасува Ред бул“, изјави Саинс.

Scroll to Top