Top Sport

Овен не ја заборавил 1998: Уште го презирам Бекам, тој ја разочара Англија (видео)

Поранешниот англиски напаѓач, Мајкл Овен открива дека уште чувствува презир кон неговиот стар соиграч од репрезентацијата, Дејвид Бекам, откако тој доби црвен картон во осминафиналето на Светското првенство во 1998 година.

Англија имаше 2:2 со Аргентина, чиј капитен беше Диего Симеоне кога Бекам доби црвен картон во второто полувреме паѓајќи на провокација на сегашниот тренер на Атлетико Мадрид. Во новата биографија „Рибут“, од која се вадат извадоци, Овен не може да не се запраша каков би бил мечот, Бекам да бил поконцентриран, откако Англичаните потоа испаднаа на пенали.

„Ќе почнам со тоа што ќе кажам дека Дејвид и јас секогаш се согласувавме добро на лично ниво. Тој беше многу талентиран фудбалер  и секогаш сум го ценел многу бидејќи никој не работеше понапорно да го извлече максимумот од тој талент. Но, по Светското во Франција, нашите патишта беа различни. Јас станав миленик на англискиот фудбал, тој беше злосторник. Чувството по мечот беше дека немаме што да му кажеме. Штетата беше направена. Но, сега, со перспектива, прво мислам дека тоа не беше црвен картон, туку само незрело однесување. Но, тоа ја прави ситуацијата полоша. Сега, пишувајќи ја книгата, ќе лажам ако кажам дека тој не ја разочара Англија и своите соиграчи. Дали ја заслужи омразата? Секако, не. Но, Дејвид не разочара и денеска уште чувствувам презир кон тоа“, пишува Овен.

Scroll to Top