Top Sport

Саинс издржа во Сингапур и ја прекина победничката серија на Ферстапен

Формула 1 фановите можат да здивнат. Болид кој не доаѓа од Ред бул, конечно, победи во една трка, откако во драматична завршница Карлос Саинс во Ферари триумфираше пред Лендо Норис во Мекларен и Луис Хамилтон во Мерцедес на Сингапур ГП трката.

Саинс, кој стартуваше од пол-позицијата, на крајот се најде под притисок на Норис, кој пак, во исто време беше под притисок на возачите на „сребрената стрела“, бидејќи сите беа на поинакви стратегии со влегување во боксот, но сите надежи на Џорџ Расел за победа, излета во последниот круг.

Од друга страна, по катастрофалните квалификации на улиците на Сингапур, Ред бул беа далеку од подиумот – доминаторот Макс Ферстапен заврши на петтото место, додека неговиот колега Серхио Перез беше само 8-ми, ставајќи крај на победничката серија која трае од минатата сезона.

Шарл Леклер во второто Ферари заврши на петтото место, пред Ферстапен, Пјер Гасли (Алпин), Оскар Пјастри (Мекларен), Перез и Лајам Лосон, кој успеа да стигне до своите први поени на деветтото место за Алфа Таури, каде што вози како замена за Даниел Рикарадо, додека 10-ти беше Кевин Магнусен во Хас.

Scroll to Top