Top Sport

Саинс лут: Ме казнија бидејќи го спасив животот на механичарот на Мекларен

Возачот на Ферари, Карлос Саинс вели дека не е фер што доби казна од 5 секунди на Холандското ГП поради небезбедно излегување од боксот кога за малку ќе се удреше во Фернандо Алонсо, велејќи дека „спасил живот“ на еден механичар на Мекларен.

Шпанецот имаше трка која бргу ќе ја заборави, откако заврши на осмото место, а најголемите проблеми ги имаше при двете влегувања во боксот, со сомнителни одлуки на Ферари. Првото влегување во боксот беше катастрофално, откако механичарите не беа подготвени и му недостасуваше задната лева гума. Второто влегување не беше подобро – иако механичарите овојпат беа брзи, тој беше пуштен пред сонародникот Фернандо Алонсо за што доби казна од 5 секунди, со што загуби три позиции.

„Го видов Фернандо во болидот, но пред мене имаше механичар на Мекларен кого ќе го удрев ако не сопрев. Тоа беше небезбедното излегување и бев исфрустриран. Мислев дека спасив нечиј живот, а не дека направив опасна ситуација. Дали тоа беше моја грешка? Не, туку на тој со јакната Мекларен што истрча пред мене. Сигурен сум дека и Фернандо малку претера и ме допре за да добијам казна“, вели Саинс.

Scroll to Top