Top Sport

Вилјареал продолжи со фантастичниот старт на сезоната

Вилјареал на Унаи Емери без мака со 4:0 го совлада тимот на Елче за трета победа во првите четири кола од шпанската Ла лига за да се искачат на третото место на табелата, израмнети со Барселона и само два поени зад лидерот Реал Мадрид.

Жерард Морено го отвори резултатот во 26. минута, за десет минути подоцна новото засилување Џовани Ло Селсо (кој дојде во Шпанија на позајмица од Тотенхем) да зголеми на 2:0. Френсис Кокелин во 86. минута ги реши сите неизвесности, пред Хозе Луис Моралес во судиското продолжение да ги постави конечните 4:0.

Елче се наоѓаат на претпоследното место на табелата со само еден поен на стартот на сезоната.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top