Карлос Саинс Јуниор се надева дека неговиот поранешен колега од тимот на Торо росо, Данил Квјат ќе најде дом во Формула 1 во иднина.
Саинс Јуниор и Квјат беа колеги во Торо росо на почетокот на сезоната, меѓутоа Шпанецот потпиша договор со тимот на Рено за 2018, додека 23-годишниот Квјат беше „набркан“ од целата програма на Ред бул по променливите резултати.
„Го видов Данил еднаш по Американското ГП, но не сум се слушнал со него оттогаш и не знам кои се неговите планови. Се надевам дека ќе биде во Формула 1, бидејќи тој навистина го заслужува тоа. Никогаш не беше лесно со него како колега и сега му е потребна втора шанса“, вели Саинс.