Top Sport

Саинц ќе вози на трката за ГН на Австралија

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, најверојатно ќе учествува на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија.

Како што денеска објави „Скај спортс“, Саинц се очекува да вози во Мелбурн, откако се опорави од операција на слепо црево. Според овој извор планот на ферари е Саинц да вози во Австралија.

Шпанскиот возач учествуваше на првите два тренинзи пред трката во Саудиска Арабија пред да биде опериран на 8 март.

Саинц беше заменет во Ферари со британскиот тинејџер Оливер Берман, кој заврши седми на трката во Џеда. Берман ќе ја продолжи сезоната во Формула 2 во Мелбурн.

Саинц заврши на третото место на првата трка сезонава во Бахреин. Тој ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната, бидејќи италијанскиот тим за 2025 година го ангажираше седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој на крајот од сезоната го напушта Мерцедес.

Шпанскиот возач се уште не нашол нова работа.

Сезоната во Формула 1 продолжува овој викенд во Мелбурн, со трката за ГН на Австралија, во недела во 5 часот по средноевропско време.

Scroll to Top