Top Sport

Саинц проговори за доаѓањето на Хамилтон

Луис Хамилтон ќе вози за Ферари од 2025 година. Еден од најголемите трансфери во историјата на Формула 1 беше официјализиран во четвртокот.

Седумкратниот светски шампион ќе го заземе местото на Карлос Саинц, чиј договор со Скудерија истекува на крајот на оваа година.

Шпанецот по тој повод се огласи на Твитер.

„Јасно е дека Ферари и јас се разделуваме на крајот на 2024 година. Сепак, пред нас е долга сезона. Како и секогаш ќе дадам се за тимот и за навивачите ширум светот. Вестите за мојата иднина ќе бидат објавени во догледно време“, напиша Саинц.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 2 март во Бахреин.

Scroll to Top