Top Sport

Саинц се договорил со Мерцедес

Шпанскиот возач Карлос Саинц би можел да стане нов член на Мерцедес. Ваквиот епилог ќе значи дека Мерцедес и Ферари направија рокада на возачките позиции, откако пред стартот на новиот шампионат, италијанскиот тим објави дека Луис Хамилтон ќе вози за нив од 2025 година.

Медиумите шпекулираа дека од 2025 година покрај Џорџ Расел во Мерцедес ќе вози талентираниот Формула 2 возач Кими Антонели, па дури и за Фернандо Алонсо, но се чини дека Саинц ќе биде тој што ќе се пресели во Мерцедес во 2025 година.

Претходно, шефот на Мерцедес, Тото Волф, спомена дека Шпанецот с наоѓа во нивните планови.

Саинц и Мерцедес наводно постигнале договор, а деталите ќе бидат објавени наскоро.

Саинц во својата кариера возеше за Торо Росо (2015-2017), Рено (2017-2018), Мекларен (2019-2020), а од 2021 година е во Ферари.

Scroll to Top