Еден од најдобрите Формула 1 возачи во историјата на овој спорт, Михаел Шумахер не е појавен во јавност од декември 2013 година кога доживеа несреќа на скијање.
Денеска на 30-годишнината од неговото деби во Ф1 е објавен трејлер за документарниот филм кој од 15. Септември ќе биде достапен на јавноста. Во него се очекува да има непознати детали од животот и кариерата на славниот Германец.
Во трејлерот се појавуваат Корина, сопругата на Михаел и неговите деца.
Фокусот на филмот, според најавите, нема да е на неговото здравје, туку на импресивната кариера која започна во 1991 година на патеката „СПА“ на трката за Големата награда на Белгија, во болидот на Џордан.
Потоа возеше и за Бенетон, Ферари и Мерцедес, а во кариерата стигна до 7 шампионски титули.
The first trailer for the upcoming Michael Schumacher documentary is here. Goosebumps.
(via @F1)pic.twitter.com/9N94dejIJT
— ESPN F1 (@ESPNF1) August 25, 2021