Top Sport

„Се сомневав во Роси по првата трка во Херез“

Првиот човек на Петронас Јамаха, Разлан Разали, признал дека по првата трка во Херез во „кралската класа“ се посмневал дека Валентино Роси е вистинскиот возач на овој тим.

Легендарниот возач нема да ја продолжи кариерата во Јамаха, бидејќи од 2021 година за овој тим ќе вози Фабио Квартараро, додека за Роси се шпекулира дека ќе вози во сателитскиот тим на Јамаха, Петронас.

Роси ги потврдил контактите со Петронас, но двете страни се уште не објавиле дека постигнале договор.

„Вале е Вале. Да бидам искрен, по првата трка започнав да се сомневам во него. Но сите ми говореа дека Докторот ќе се врати, тој тоа и го направи. Бев импресиониран по втората трка“, рекол Разали.

„Со оглед на тоа каков резултат постигна во неделата, полесно ќе ни биде да им објасниме на акционерите зошто го одбравме него“.

Валентино Роси не ја заврши првата трка во Херес, сепак една недела подоцна на истата патека, на трката за Големата награда на Андалузија го освои третото место.

Scroll to Top