Top Sport

Тричковски го продолжи договорот со АЕК

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го продолжил договорот со АЕК Ларнака. Напаѓачот дресот на АЕК го носи од сезоната 2016/2017.

Според кипарските медиуми Тричковски договорил нова две годшна соработка што значи дека во Лимасол ќе остане до јуни 2022 година.

Тричковски во изминатите четири години за АЕК одиграл вкупно 163 натпревари во сите конкуренции, постигнал 97 голови.

Покрај Тричковски дресот на АЕК го носат уште двајца Македонци, Даниел Мојсов и Стефан Спировски.

Scroll to Top