Top Sport

Себастијан Леб ќе вози во Монте Карло

Легендарниот рели возач Себастијан Леб повторно ќе вози во Светскиот шампионат: Леб, договорил соработка со М-Спорт Форд, за воведниот викенд од новата сезона, во Монте Карло (20-23.јануари 2022).

Освојувачот на девет шампионски титули, во Монте Карло, возеше и претходните две сезони. Леб последните две години во малото кнежевство возеше Хјундаи.

Леб ќе има можност да го обнови ривалството со сонародникот, Себастијан Ожие, кој ќе вози Тојоота ГР Јарис.

Поранешните колеги во Ситроен, заедно освоија 17 од последните 18 титули во рели шампионатот.

Двајцата се сметаат за „кралеви“ на патеката во Монте Карло. Ожие во кариерата има осум, а Леб седум победи.

Scroll to Top