Себастијан Фетел слободниот викенд го искористи за патување во Хокенхајм за финишот на ДТМ серијата во туринг-тркање, и во исто време му даде поддршка на својот помлад брат.
18-годишниот Фабијан Фетел, братот на четирикратниот светски шампион, дебитираше во туринг-трките оваа сезона, со настапи во Ауди ТТ купот. Постариот брат призна дека е поинаку кога си од другата страна на тркачкиот ѕид.
„Ова ми е слободен викенд, но уште е убаво. Се видов со некои стари пријатели и беше убаво да се биде во Хокенхајм. Чувството е поинакво, но верувам дека мојот брат ќе биде добар. Ова му е само прва година“, вели Себастијан Фетел.