Мексиканскиот возач на Ред бул рејсинг, Серхио Перез е болен и нема да учествува на денешните промотивни дејности пред домашното за тимот, Австриско ГП во обид да оздрави пред тркачкиот викенд.
„Чеко нема да биде на патеката денеска. Му се слоши вчера и денеска ќе одмори за да биде во најдобро здравје пред трките овој виенд“, велат од Ред бул.
Австриското ГП предвидува и спринтерска трка во сабота, така што тренинзите и квалификациите ќе се одржат утре.
Перез е втор во генерален пласман, но по три лоши трки во низа, неговиот колега Макс Ферстапен направи предност од 69 поени пред него. Овие резултати поставија и притисок кон 33-годишниот Мексиканец, кој сега треба да го брани второто место бидејќи Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон се неколку поени зад него. Доколку не успее да оздрави, третиот возач Даниел Рикардо ќе го замени во болидот на Ред бул.