Мексиканскиот возач Серхио Перез потврди дека ќе замине од тимот на Рејсинг поинт на крајот на сезоната, оставајќи простор за четирикратниот шампион Себастијан Фетел да пристигне во тимот кој од следната сезона ќе се натпреварува под името Астон Мартин.
Перез заминува од тимот од Силверстоун по седум сезони, од кои пет ги возеше под претходното име на тимот Форс Индија. Фетел во мај објави дека заминува од Ферари, каде што ќе е заменет од сегашниот возач на Мекларен, Карлос Саинс Јуниор, по што потврди дека е во „благи преговори“ со повеќе тимови, но дека не е сигурен дали ќе остане во Ф1.
„Сè во животот има почеток и крај, и по седум години заедно, моето време со тимот завршува на крајот на сезоната. Малку боли бидејќи јас секогаш се потпирав на тимот во тешки времиња. Успеавме да надминеме многу проблеми и горд сум што помогнав да се спасат работите на стотина луѓе во тимот. На сегашните лидери на тимот, предводени од Лоренс Строл, им посакувам убава иднина, посебно со проектот Астон Мартин“, напиша Перез.
Доколку се оствари трансферот на Фетел, тој ќе вози покрај синот на Строл, Ленс Строл, кој во моментов е четврти во генерален пласман. Перез призна дека не преговара со други тимови и дека е несигурен што ќе донесе иднината.
Tengo algo que anunciarles…
¡Gracias por su apoyo todo este tiempo!I have something to announce to you…
Thank you for your support all these years!#NeverGiveUp pic.twitter.com/4qN9U6Cg1L— Sergio Pérez (@SChecoPerez) September 9, 2020