Top Sport

Сезоната уште не почнала, Ферари веќе се под истрага

Иако до стартот на новата Ф1 сезона има повеќе од едне месец, тимот на Ферари веќе е под истрага, овојпат од Одделот за здравје на австралиската држава Викторија поради наводното рекламирање на тутунски производи.

Ферари има долгогодишно партнерство со компанијата „Филип Морис“, и иако рекламирањето на тутун е забрането, италијанскиот тим и американската компанија најдоа интересни начини суптилно да го рекламираат брендот „Марлборо“, највпечатливо со дизајнот на бар-код.

Сега, откако „Филип Морис“ влезе во пазарот на електронски цигари со брендот „Мишн Виноу“, гласините дека логото ќе се појави на болидите на Ферари на првата трка од сезоната во Мелбурн предизвикаа официјална истрага во Австралија

„Филип Морис и Скудерија Ферари имаат глобално партнерство кое е целосно оперативно надвор од Австралија“, велат од „Филип Морис“ одговорајќи на обвинувањата.

Scroll to Top