Top Sport

Шафнауер замина од Астон Мартин

Отмар Шафнауер повеќе не е шеф на Астон Мартин во Формула 1.

Минатата сезона имаше шпекулациите дека Шафнауер ќе го напушти тимот за да се пресели во Алпин. Тогаш Астон Мартин демантираа, а сега ги потврдија информациите дека Шафнауер повеќе не е во тимот.

„Му благодариме на Отмар за 12 години што ги мина во тимот. Му посакуваме се најдобро во иднина. Имаме силна група на индивидуалци, брзо ќе ја донесеме одлуката кој ќе го замени“, стои во тимското соопштение.

Астон Мартин немаа добра сезона. Освоија само 77 поени и кај конструкторите го освоија седмото место.

Scroll to Top