Луис Хамилтон ги исплаши своите фанови, откако излета во првиот летечки круг на квалификациите за Бразилското ГП во Интерлагос, по што драматично седеше во болидот зголемувајќи ги стравувањата дека е повреден.
Сепак, четирикратниот шампион, потоа мирно излезе од болидот, кој беше целосно уништен и се врати во боксот со помош на медицинското возило. Излетувањето значи дека Хамилтон ќе стартува од последното место на трката во Сао Пауло.
#F1 @LewisHamilton crash! #BrazilianGP pic.twitter.com/y9F6XeD9ER
— Antonio Llinares (@Astoraka) November 11, 2017