Top Sport

Шампионот во Мото ГП е цврсто на земја: Маркес е неприкосновен!

Шпанскиот мотоциклист Жоан Мир и покрај освоената прва титула во Мото ГП се чини цврсто е на земја. Свесен е дека Марк Маркез, возачот кој минатата сезона ја пропушти поради повреда и понатаму е неприкосновен во овој шампионат. Овогодинешниот шампионат стартува на 28 март со трката за Големата награда на Катар.

„Само една недела одморав, се подготвувам за новата сезонс. Тоа што минатата сезона ја освои титулата не промени ништо во мојот начин на подготовка. Само сум поискусен за една година. Ќе сториме се Сузуки и јас да ја одбраниме титулата. Може да напредуваме, не сме ниту најбрзи, ниту најспори“ рече Мир.

Шпанецот смета дека доколку Маркес се опорави, тој ќе е најголемиот фаворит за титулата.

„Марк има повеќе искуство, титули, едноставно побрз е. Ако не се врати, тогаш ќе нема фаворит. Мислам дека треба да покажам многу повеќе ако сакам да сум фаворит. Минатата сезона титулата ја освоивме на памет, на константност, не на брзина“ вели Мир.

Scroll to Top