Top Sport

Шефот на Ферари, Биното за малку ќе си заминел минатата година

Шефот на Ферари, Матија Биното признава дека за малку ќе си заминел од Ферари на крајот на минатата година, кога наместо тоа ја доби главната работа во Маранело, заменувајќи го Маруицио Аривабене, кој ја плати цената на две сезони без титула.

Биното беше технички директор на Ферари минатата сезона, откако има поминато 25 години работејќи на различни позиции во Скудерија.  Ферари минатата сезона на неколку трки беа побрзи од ривалите од Мерцедес, но по средината на сезоната се направија многу грешки, на и на двор од патеката и Луис Хамилтон пак стана шампион. Биното призна дека овој неуспех тешко му паднал.

„Мислев дека веќе не сум во позиција добро да ја завршувам мојата работа и тоа јасно го кажав во тимот. Не се работеше само за мој проблем, туку на целата група, бидејќи дури и техничкиот директор да не е на нивото на задачата, другите работат под него. Другите тимови ме посакаа поради искуството, но јас сум навивач на Ферари од моето детство. Не помислив да бидам дел од друг тим“, вели Биното во интервју за „Кориере дела сера“.

Италијанските медиуми тврдеа дека Биното бил победникот во директниот дуел со Аривабене, но тој вели дека не било така.

„Јас работам во Ферари 25 години и имав среќа да проживеам славни моменти со Жан Тод, Рос Барун и Михаел Шумахер, а потоа и со Стефано Доменикали. Учев од сите, дури и од Маурицио и му благодарам на тоа. Личните односи секогаш беа одлични и никогаш немаше расправија. Разликите беа во визијата за водење на тимот во еден тркачки викенд. Имавме различни мислења“, објаснува Биното.

Scroll to Top