Top Sport

Гигс: Роналдо може да игра до својата 40-та година

Кристијано Роналдо може да игра на највисоко ниво до својата 40-та година, вели неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, откако оваа година Португалецот го прослави својот 34. родененден во новиот клуб Јувентус по трансферот од 112 милиони евра минатото лето.

Гигс, кој стигна до 40-тата година на фудбалскиот терен со Јунајтед, има целосна доверба во Португалецот.

„Да, точно е, тој веќе не е фудбалерот кој беше на 19 или 20 години, но успеа да се адаптира. Од крило кое ги победува луѓето и креира голови се трансформираше во класичен напаѓач кој може да игра со било кого и може да постигне било каков гол – со глава, пенал, слободен удар. Тоа е најголемиот професионалец со кого сум играл. Начинот на кој се грижи за себе, не само на тренинг, туку со исхраната, однесувањето. Не е чудо што уште е на врвот и може да биде на врвот додека не наполни 40“, вели Гигс.

Роналдо му беше соиграч на Гигс во тимот на Јунајтед кој ја освои титулата од ЛШ во 2008 на пенали против Челси во Москва, а следната година загубија во финалето од Барселона, како и две години подоцна, повторно од истиот противник.

„Тоа беше најразочарувачкиот меч во мојата кариера. Едноставно не игравме како што треба и бев многуѕ разочаран. Во 2011 имавме пресилен противник, тоа морам да признаам“, вели Гигс.

Scroll to Top