Top Sport

Шефот на Хонда плачел по подиумот на Ферстапен

Првата трка на Ред бул по склучувањето на партнерството со јапонскиот гигант Хонда во Австралија донесе фантастичен резултат, откако Макс Ферстапен успеа да биде побрз од возачите на Ферари и беше на подиумот зад двојката на Мерцедес.

Ферстапен не дојде лесно до овој пласман – успеа да го помине Себастијан Фетел, а потоа на 10 круга пред крајот дури дојде во шанса да го предизвика светскиот шампион Луис Хамилтон пред него. Според шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, ова посебно го задоволило шефот на Хонда моторспорт, Масаши Јамамото, кој дури заплакал по прославата на првиот подиум за неговата компанија од 2008 година.

„Јамамото-сан дури пролеа неколку солзи. Се надевам дека ваквите емоции ќе бидат почести оваа сезона“, вели Хорнер.

Овој резултат доаѓа откако Хонда имаше пеколна тригодишна соработка со тимот на Мекларен, која и покрај големите најави донесе само просечни резултати. Кога Мекларен се реши да го прекине договорот предвреме минатата сезона, Хонда возеше само со јуниорскиот тим на Ред бул, Торо росо, пред оваа година да ги снабдува двата тима на „бикот“.

Scroll to Top