Top Sport

Икарди се враќа за Интер веќе против Лацио?

Италијанските медиуми тврдат дека Мауро Икарди е подготвен да се врати во дресот на Интер веќе на следниот меч против Лацио на 31 март, првиот меч по интернационалната пауза.

Според „Туто Меркато“ и „Спорт медијасет“, Икарди веќе се вратил на тренинзи, а ќе биде и одморен откако не доби повик за аргентинската репрезентација за мечевите со Венецуела и Мароко. Самиот Икарди ги зголеми шпекулациите откако на социјалните мрежи објави фотографија со дрес на Интер.

Аргентинецот нема играно за „нераѕурите“ дури шест недели откако му беше одземена капитенската лента под контроверзни околности, а официјално причината беше поради повреда на коленото. Минатата недела, неговата сопруга и агент, Ванда Нара се сретна со генералниот менаџер на клубот Бепе Марота, каде што наводно се „разрешиле“ несогласувањата и покрај барњето на Нара капитенската лента веднаш да му биде вратена, Интер најверојатно нема да ја смени одлуката.

View this post on Instagram

⚫️ #MI9 ⚫️

A post shared by Mauro Icardi – MI9 (@mauroicardi) on

Scroll to Top