Top Sport

Шефот на Мекларен: Заминувањето на Хорнер е добро за Ф1

На почетокот на јули како гром од ведро небо одекна веста дека Ред Бул реши да го отпушти шефот на тимот, Кристијан Хорнер. Хорнер две децении беше на чело на тимот, со Себастијан Фетел и Макс Ферстапен учествуваше во освојувањето на шампионките титули.

По заминувањето на Хорнер, Ред Бул го презеде Лоран Меки, кој долго време работеше во сестринскиот тим Торо Росо, од оваа сезона тимот го носи името Рејсинг булс.

Заминувањето на Хорнер, стави крај на соперништвото кое беше напнато во претходните години.

„Драго ми е што Лоран е на таа позиција. Ми се допаѓа. Ќе биде добро за спортот, се надевам дека можеме да се фокусираме на трките“, рече шефот на Мекларен, Зак Браун, објаснувајќи зошто е толку среќен поради промената во Ред Бул.

„Со Хорнер работите отидоа предалеку. Секогаш имало политика во Формула 1, но кога упатувате несериозни обвинувања, оди предалеку. Секогаш ќе има политички аспект во овој спорт, но со Лоран ќе биде подобро и поздраво. Долго време сум негов обожавател и ќе биде добро да се натпреварувам против него“, рече Браун.

„Гледам дека сите сè уште се бориме едни против други на тоа политичко ниво, но линијата не се пречекорува. А беше пречекорена и претходно со Хорнер. Сега има поголема верба кога сите ќе седнеме и ќе разговараме за проблем каде што доверливоста е важна. Тоа нема веднаш да се користи како политичко оружје. Во подобра позиција сме, обединети сме и поубедени дека додека се бориме на патеката, сè ќе придонесе за спортот, а не дека ќе биде манипулирано за политички цели и ќе биде извадено од контекст“, објасни Браун.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top