Top Sport

Штајнер: Формула 1 не е Формула Мерцедес

Гинтер Штајнер, првиот човек на Хас во Формула 1, не се сомнева дека Луис Хамилтон ќе продолжи да вози за Мерцедес во наредните години. Штајнер во изјава пред трката во Баку посочи дека Мерцедес треба да работат повеќе доколку сакаат да му конкурираат на ред Бул.

„Постои ли друга опција за Хамилтон? Не постои. Ред Бул ги стави сите карти на Макс Ферстапен. Сосема оправдано. Мислите ли дека сега би го донеле Луис пред Макс. Се разбира не. Фатени се местата во сите екипи кои имаат амбиција да конкурираат за титулата. Значи, јасно е дека Луис ќе остане таму каде што е“, рече Штајнер.

Штајнер моменталните лоши резултати на Мерцедес ги гледа како сосема нормални.

„Не можете секогаш да победувате. Формула 1 не е Формула Мерцедес. Имаа осум одлични години, но ништо не трае вечно. Чудно ми е што не можат да се помират со тоа. Треба да се прегрупирате и да се обидете повторно, а не да барате да бидете најдобри „бидејќи досега сме победиле осум пати“. Истото важи и за Луис како возач“, заклучи Штајнер.

Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Азербејџан во Баку.

Scroll to Top