Возачот на Хас, Мик Шумахер, имаше страшен судар во текот на квалификациите за трката на Големата награда на Саудиска Арабија.
Болидот на Шумахер, речиси се распадна од силниот удар во ѕидот. За среќа, синот на легендарниот Михаел Шумахер, мина без повреди. Сепак Хас решија Шумахер да не се натпреварува во трката, од превентивни причини и поради тоа што немаа време да го поправат болидот.
Шефот на Хас, Гинѕер Штајнер, изјавил дека моторот не е оштетен, за разлика од болидот.
„Штетата изнесува помеѓу 500.000 и 1.000.000 долари“, рекол Штајнер.
Наредната трка во шампионатот на Ф1 ќе се вози на 10.април во Австралија.