Top Sport

Што ќе се случи со казната ако Маркез не вози во Аргентина?

Возачот на Хонда, Марк Маркез, најверојатно нема да учествува на трката за ГН на Аргентина, која е веќе закажана за следната недела.

Шпанецот ја повреди десната рака на стартот од сезоната во Португалија кога во тежок инцидент го удри Мигел Оливеира. Станува збор за повреда на метакарпалната коска.

Маркез моментално нема лиценца за трка, но дополнителните прегледи во Барселона ќе дадат одговор на прашањето дали нешто ќе се промени и дали веќе од петок ќе го гледаме во Аргентина.

Шесткратниот светски шампион би можел да биде третиот возач од „кралската класа“ кој отпадна од патеката по првиот викенд, а се уште не е познато во каква состојба е Оливеира.

За инцидентот на патеката „Алгарве“, 30. годишниот Маркез е санкциониран со два долги круга. Во образложението пишува дека казната треба да ја одработи во Аргентина, но не е познато што ќе се случи доколку не вози таму.

Ако се почитува правилникот, казната може едноставно да исчезне и да не се префрли на следната трка на која ќе учествува.

Важно е да се напомене дека казната не ја одредува Дорна, туку панелот на Светската мотоциклистичка федерација во кој беа Тамара Матко, Андрес Сомолинос и Фреди Спенсер во Португалија.

Со оглед на лавината коментари што ја предизвика неговата грешка, како и признанието, може да се очекува Маркез да ја отслужи казната, дури и ако не вози во Аргентина

Возачот на КТМ, Пол Еспаргаро, беше тешко повреден на вториот тренинг во саботата и во недела беше пренесен во болница во Барселона, додека членот на Дукати, Енеа Бастианини ќе го прескокне тркачкиот викенд во Аргентина поради повреда на рамото.

 

Scroll to Top